Србија ќе гради ултра модерен стадион! Сите стандарди на УЕФА се исполнети

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ и’ се обратија на јавноста од Палатата Србија.

Меѓу другото, Вучиќ истакна дека Националниот фудбалски стадион мора да биде готов до есента 2026 година, можеби и порано.

– Очекуваме работите да започнат во јуни 2024 година. Сите стандарди на УЕФА се исполнети – изјави претседателот на Србија.

Вучиќ покажа четири договори кои мора да се завршат.

– Првиот договор е линиската инфраструктура, вториот договор е за работи и ископ на теренот. Договорот за националниот стадион сè уште не е потпишан. Преговорите се во тек. Ќе распишеме тендери специјално за српскиот павилјон и ќе ги повикаме сите српски архитекти да направат презентација на нашата земја.

Кога зборуваме за патна инфраструктура, тоа значи 8 километри булевари Гладијатор, јамка, планиран гасовод – топло и ладно – објасни Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: