Србија минатата година постигна договор за набавка на оружје и воена опрема во вредност од една милијарда и 318 милиони евра.
Интересно е тоа што таа набавка е поголема од сите набавки до крајот на 2016 година, кога почна модернизацијата на српската војска, пишува „Бета“.
„Балканска безбедносна мрежа“ објави дека висината на договорените набавки е наведена во извештајот за работење на Јавното претпријатие „Југоимпорт-СДПР“.
„Драматичното зголемување на набавката на оружје подразбира нови големи договори. Важен партнер беше Русија, од која четири борбени хеликоптери Ми-35М, три транспортери Ми-17В-5, две батерии на системот за противвоздушна одбрана Панцир-S1M, системи за противелектронски акции и борба против беспилотни летала…“, пишува „Балканска безбедносна мрежа“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.