Србија и Албанија отстранети од листата на безбедни земји

Србија е отстранета од листата на безбедни земји на Европската унија во врска со коронавирусот, објавиja денеска од ЕУ, и со тоа повторно се воведоа ограничувања за патување на српските граѓани во земјите на ЕУ.
Советот на ЕУ го додаде Уругвај на листата на безбедни земји за патување, и отстрани шест земји, вклучувајќи ја и Србија. Освен Србија од земјите од регионот, овој статус го загуби и Албанија, а со оваа одлука статусот на „безбедна држава“ го загубија и Азербејџан, Брунеи, Јапонија и Ерменија.
Ова не ја доведува во прашање можноста земјите-членки да го укинат привременото ограничување за несуштински патувања во ЕУ за целосно вакцинирани патници (од овие земји)“, се вели во соопштението на ЕУ.
Две недели претходно, ЕУ исто така ги отстрани Црна Гора, Македонија и Косово од листата. Во моментов, само Босна и Херцеговина е на листата на безбедни земји во регионот, пренесува Радио Слободна Европа.
ЕУ наведува дека листата, како што е препорачано, ќе продолжи да се ревидира на секои две недели и може да се ажурира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.