Србија „се затвора“ до крајот на неделата поради пандемијата

Илустрација – Медицински лица во Клиничкиот центар во Ниш, Србија
Поради пандемијата со ковид-19, Србија ќе биде „затворена“ до крајот на неделава, вклучително и за време на викендот, одлучи српскиот Кризен штаб. Покрај продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките, ќе работат и банките и производствените капацитети. Други објекти, како што се кафулиња, ресторани, спортски сали… ќе бидат затворени.
„Ова е првенствено поддршка за нашите здравствени работници и целиот здравствен сектор.

Ова е компромисно решение затоа што мерките се општи, но во моментот тие се на сила пет дена, иако медицинскиот дел бараше најмалку 14 дена. Дали ќе има продолжување во понеделник зависи повторно од сите нас. Апелирам за максимална дисциплина и разбирање на состојбите во нашиот здравствен сектор“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.
Брнабиќ: Мерките против коронавирусот ќе мора да се заострат
Таа најави дека ќе се разговара со сите од економскиот сектор кои трпат последици поради пандемијата за мерки за помош за нив, како и дека вчера разговарале со српскиот претседател Александар Вучиќ, за тоа како тие мерки ќе влијаат на економијата и младите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.