Србија со нови епидемиолошките мерки, ова се деталите

Српскиот Кризен штаб за заштита од заразното заболување Ковид-19 предложи нови мерки за сузбивање на епидемијата, кои ќе важат од понеделник во 6 часот наутро, јави дописникот на МИА од Белград.
-Важна новина е што сите установи и институции на кои им е дозволено да работат имаат единствено дозволено работно време од 6 до 22 часот, соопшти српската Влада.
На угостителските објекти со тераса од утре им е дозволено да работат исклучиво на отворено, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки, кои, меѓу другото, вклучуваат максимум пет лица на иста маса, со задолжително растојание од два метри меѓу масите. Забрането е и изведување на сценско музичка програма.
Кафулињата и рестораните сè уште можат да вршат продажба на храна и пијалоци, без оглед дали имаат тераса или не, додека доставата останува дозволена 24 часа на ден, седум дена во неделата.
Трговските центри остануваат затворени, како и кафулињата и рестораните кои немаат тераса.
И понатаму е на сила мерката според која сите објекти мора да обезбедат почитување на мерката од најмалку девет квадратни метри по лице или посетител.
Исклучок се фитнес клубовите, спа центрите, теретаните и слично, каде што мора да се обезбедат 16 квадратни метри по лице. Бројот на лица присутни во објектот вклучува и вработени.
Владата на Србија забележува дека од утре наутро ќе се интензивира инспекцискиот надзор на почитување на сите епидемиолошки мерки на целата територија на Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.