Освен со ликот на Вучиќ, на карневалот во Каштела имало и кукла со ликот на рускиот претседател Владимир Путин. Исто како и онаа со ликот на Вучиќ, и таа е запалена на крајот на карневалот. Tрадиционалниот карневалски ритуал треба да симболизира кој е одговорен за сите лоши работи што им се случиле на жителите на ова место во изминатата година
Министерството за надворешни работи на Србија упати протестна нота до Амбасадата на Хрватска во Белград поради палење на кукла со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на карневалска поворка во хрватскиот град Каштела, близу Сплит.
„Палењето на кукла со ликот на претседателот на Србија е апсолутно неприфатлив чин кој е во спротивност со заеднички изразената определба за целосна нормализација на односите и подобрување на сеопфатната соработка“,
се наведува во соопштението на српското МНР.
Се додава дека шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ остро го осудил палењето на куклата.
Освен со ликот на Вучиќ, на карневалот во Каштела имало и кукла со ликот на рускиот претседател Владимир Путин. Исто како и онаа со ликот на Вучиќ, и таа е запалена на крајот на карневалот. Tрадиционалниот карневалски ритуал треба да симболизира кој е одговорен за сите лоши работи што им се случиле на жителите на ова место во изминатата година.
@dalmatinskiportal Kaštelani spalili – Putina i Vučića! #krnje #maskare #krnjeval #maske #putin #vucic #dalmatinskiportal ♬ original sound – Dalmatinski portal
Коментирајќи го палењето на куклата со својот лик, Вучиќ изјави дека не е „особено несреќен“ поради тоа, додавајќи дека би бил љубоморен доколку изгорела кукла со лик на друг Србин.