Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот мировен форум се сретна со првиот човек на Фондацијата отворено општество, Александар Сорос.

„Добро беше да се види Димитар Ковачевски со добро расположение и насмеан, иако ја има една од најтешките работи од сите премиери во Европа“ напиша Александар Сорос.

Тој неодамна го презеде раководењето на Фондацијата од неговиот татко Џорџ Сорос.

Ковачевски во Париз имаше и работна вечера во Елисејската палата, со претседателот на Француската република, Емануел Макрон, каде што се споделила определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.