Денеска во просториите на НУБ „Свети Климент Охридски“ се одржа состанок на директорите на неколку библиотеки низ државата, вклучувајќи ги: НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, УБ „Гоце Делчев“ – Штип, Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ГБ „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Библиотека „Ванчо Прке“ – Виница, ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, ОУМБ „Кочо Рацин“ – Пехчево, ЛБ „Гоце Делчев“ – Велес, ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица, ГБ „Борка Талески“ – Прилеп и ЈОУБ „Феткин“ – Кавадарци. На средбата се дискутираа различни теми, при што особено внимание се посвети на процесите на дигитализација и заштита на фондот, следење и одржување на библиотечниот инвентар, предизвици во работните односи, како и на стручното усовршување на вработените. Воочена е итната потреба за организирање дополнителни обуки и работилници за унапредување на квалитетот на кадарот и услугите. Исто така, започнати се преговори за создавање на национална дигитална платформа која ќе овозможи засилено дигитализирање и поголем број на онлајн достапни дигитални објекти за јавноста и корисниците. Очекуваме реализирање на многу заеднички проекти од интерес за пошироката јавност, со цел подобрување на библиотечниот систем во државата. Библиотеките, како чувари на пишаната ризница на знаење, мора да се адаптираат на современите предизвици и барања на корисниците, па затоа бидете во тек, многу новитети ве очекуваат наскоро.
The post Средба на Библиотечни Директори за Дигитализација и Управување со Фондот appeared first on 365.mk.