Средба со поезијата на Тихомир Јанчовски во книжевниот клуб Утопија во Битола

Коста Дупчинов/ книжевен клуб Утопиа
Синоќа во УТОПИЈА не беше само обична вечер на читање. Се случи вистинско патување низ зборовите, времето и делата на Тихомир Јанчовски. Со 42 книги на 15 јазици, неговото творештво е безброј животи гнилежени во еден човек. Актерите Маја и Игор дојдоа со своите гласови и ги оживеаја стиховите, додека Јасмина ни ги отвори прозорците на прозата. Тихомир ни овозможи да почувствуваме дел од неговите преводи. Наслови како „Несреден век“, „Граматика на љубовта“, „Патина“, „Монахот Калист“ звучат како делови од книги, но и како милиони животи сплотени во едно. Ви изразуваме благодарност за тоа што ја споделивте оваа вечер со нас во книжевниот клуб UTOPIA, каде зборовите се не само гласни, туку и вистинити.
The post Средба со поезијата на Тихомир Јанчовски во книжевниот клуб Утопија во Битола appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: