Среде драмата во семејството Бекам, британските медиуми објавија дека Бруклин наводно потпишал предбрачен договор пред неговата свадба со Никола Пелц во 2022 година, што значи дека нема право на ниту еден долар од богатството на нејзиното семејство ако се разведат.
Најстариот син на фудбалската суперѕвезда Дејвид Бекам и поранешната членка на „Спајс грлс“, Викторија, неодамна објави изјава на Инстаграм за својот однос со родителите.
Тој ги обвини дека сакаат да му ја уништат врската со сопругата Никола и дека повеќе се заинтересирани за нивниот имиџ отколку за сè друго. Во средината на оваа драма, британските медиуми објавуваат дека двојката потпишала предбрачен договор.
Според „Дејли меил“, двајцата потпишале неверојатно рестриктивен договор во кој се наведува дека ако двојката се разведе, Бруклин ќе ги изгуби сите права врз имотот на богатото семејство Пелц – вклучувајќи го и домот од 16 милиони долари во Беверли Хилс, контролиран од Фондацијата Пелц.
Исто така, се наведува дека овој договор значи дека Бруклин нема право на имотот на Никол или на какви било други финансиски придобивки од неа и нејзиното семејство.
Според извори блиски до семејството, Дејвид и Викторија Бекам стравуваат дека таков договор би можел да влијае на независноста на Бруклин на долг рок, и на приватен и на професионален план, и дека тој би можел да се најде во сенка на исклучително моќното и богато семејство Пелц.
Сепак, Бруклин не изгледа премногу загрижен бидејќи изјави дека нема намера некогаш да се смири со своето семејство и ги критикуваше нивните „перформансни објави на социјалните мрежи“ и „неавтентични врски“.
Да потсетиме дека Бруклин прво ја обвини својата мајка Викторија за саботирање на неговата свадба – особено првиот танц, за кој тој ја обвини дека „го украл“ од младенците.
Овој конкретен детаљ беше најинтересен за многумина на социјалните мрежи и стана инспирација за еден куп мемиња.
The post Среде драмата во семејството Бекам, се појавија детали од предбрачниот договор на Бруклин и Никол Пелц appeared first on Во Центар.



