Среде корона кризата, утре во Србија парламентарни избори

Во соседна Србија утре се одржуваат парламентарните избори, а според сите анкети, актуелниот претседател Александар Вучиќ и лидер на Српската народна партија-СНС е пред уште една изборна победа.
Анализите покажуваат дека Вуќиќ ќе извојува победа и ќе ја зацврсти долгогодишната позиција пред се поради тоа што најголемиот опозициски блок во земјата најави дека ќе ги бојкотира изборите.
Лидерот на опозициската коалиција „Сојуз за Србија“, Драган Ѓилас, образложи дека изборите ќе ги бојкотираат од причина што смета дека во земјата не постојат услови за фер и демократски избори.
-Неопходно е да постојат услови во кои луѓето можат да слушнат нешто различно и слободно да се изразат. Медиумите не само што се затворени за нас, туку и се користат за да ги напаѓаат оние кои размислуваат поинаку, изјави Ѓилас.
Инаку, изборите во Србија ќе се одвиваат согласно протоколите и мерките за заштита од ширењето на корона вирусот, бидејќи властите ги укинаа сите рестриктивни мерки со започнување на изборната кампања. На сите гласачки места ќе има заштитни маски, ракавици и дезинфициенси за раце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.