Средношколец од Корчагин повреден на екскурзија во Прага

Средношколец од скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин утрово паднал по пожарникарски скали во хотел во Прага, објави 24 инфо.


Ученикот се здобил со повреди, однесен е на преглед во една од болниците во градот.
Директорот на училиштето Драган Арсовски ја потврдил информацијата и вели дека ученикот е без посериозни повреди.