Средношколците идниот петок излегуваат на протест во Скопје, незадоволни од одлуката на Министерството за образование наставата во новата учебна година да се следи исклучиво онлајн, одлучи попладнево Унијата на средношколците.
51 претставник на средношколците од 17 града во земјава преку он лајн состанок денеска одлучија како ќе реагираат на одлуката за онлајн-настава.
Барањето на сојузот на средношколците беше учебната година да започне со комбинирана настава, а не само онлајн, како и нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.