Средношколци во посета на Gostivarpress.mk, ѕирнаа во новинарството и видео-продукцијата






Редакцијата на Gostivarpress.mk денес беше домаќин на група средношколци од гостиварската гимназија и од техничкото училиште, кои дојдоа со цел да се запознаат со новинарската професија, процесот на изработката на вести, видео-продукција на емисии и интервјуа и слично.

Учениците покажаа интерес и љубопитност и самите да се обидат да навлезат во новинарството, односно да прочитаат вести или да направат интервју пред камерите. Младите не го сокрија своето задоволство и уживање во можноста да научат нешто ново и макар за кратко да станат дел од медиумското функционирање.
Посетата на средношколците ја организираше Хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ во рамки на проектот „Убавината на мултикултурата како реален приказ на соживотот“, во кој се вклучени 15-тина ученици гостиварската гимназија и од техничкото училиште од различни националности.

 
„Целта на проектот е меѓусебно дружење и запознавање преку повеќе заеднички активности во кои младите, кои се моторот и двигателот на промените и светот ќе покажат дека вистинскиот соживот значи реална и практична заложба за почитување на различностите, кои најпрво мора да ги научиме и знаеме. Со посетата на медиумски студија и читањето вести на сите три јазици кои се официјални службени јазици во нашата општина, младите сакаат да покажат дека во Гостивар тројазичното емитување на вестите треба да биде пракса“, истакнаа од Здружението.

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: