СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ЈА ОСВОИЈА ПРВАТА НАГРАДА ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Идејното решение на средношколци од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани за решавање на проблемот со загаден воздух беше причината да им биде доделена првата награда на Boodkamp-от кој од 25.04 до 27.04.2023 година се одржа во хотел „Дрим“ во Струга.

Денес речиси и не може да се зборува за чист воздух. Но не е во прашање дали, туку колку е загаден тој воздухот што го дишат граѓаните на Кочани. Секојдневното соочување со протести од граѓаните по социјалните мрежи а некогаш организирани и на отворен простор, бројни плакати, написи, мурали беа причината учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани да седнат и да изнајдат идејно решение за решавање на проблемот со загадениот воздух.

И по многу работа и самоодрекување успеаја да го пронајдат идејното решение, а тоа е Дигитален фотосинтетски билборд.

Токму со тоа нивно идејно решение учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ под менторство на професор Ирена Димитрова Јорданова аплицираа на UPSHIFT циклус дигитализација и беа избрани меѓу десетте финалисти на ниво на Република Северна Македонија.

На Boodkamp-от што се одржа во Струга тие го промовираа дигиталниот фотосинтетски билборад со изработен прототип и ја освоија првата награда во износ од 120.000,00 денари.

Искористувајќи ја биолошката фотосинтетска способност на алгите, како и моќта на сончевата енергија како обновлив извор на енергија, иновацијата допринесува кон прочистување на загадениот воздух. Билбордот нуди можност и за прикажување на дигитални визуелни реклами каде ќе имаат можност да се рекламираат општествено одговорните компании.

Решението позитивно влијае како од еколошки, така и од економски аспект.

Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани освоија и втора награда, за најкреативна фотографија со менторот.

Пораката е испратена, идејата за чисто Кочани е на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и на никој друг.

izvor> komarec

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.