Средношколци од „Јосип Броз“ измислија филтер за прочистување на воздух кој се става на оџак

Учениците велат дека со овој филтер воздухот во Скопје може да се исчисти за една третина. Но, потребен им е инвеститор.
Греењето е најголемиот загадувач на воздухот во Скопската котлина, и тоа загревањето на домаќинствата во најголем дел, покажуваат повеќе научни истражувања.
Бидејќи ова е најевтиниот начин на загревање на домовите, тешко дека семејствата во догледно време ќе прифатат друг начин.
Науката бара нови решенија. Бидејќи фабриките користат филтри, логично е да се размислува во таа насока и кога се во прашање оџаците на домовите.
Токму оттука тргнале со размислувањата тројцата средношколци од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, Теофилија Стоилковска, Марко Дураков и Мартин Стеванов. Епилог е нивната иновација – филтер што се става на оџак и притоа не дозволува штетните честички да завршат во воздухот.
– Аерозагадувањето е доста актуелна тема, а ова е голем проблем за нас, па решивме да направиме еден изум кој ќе помогне да се намали. Бидејќи во Скопје и во поголем дел од градовите се смета дека најголем загадувач се домаќинствата, решивме да направиме филтер кој лесно ќе се постави на оџакот и нема да ги пропушта штетните честички во воздухот – вели Мартин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.