Среќните парови почесто се расправаат

Караниците изгледа се од клучно значење за среќен брак, барем така покажува новото истражување спроведено на Универзитетот Тенеси.
Резултатите покажале дека паровите кои врската ја опишуваат како среќна многу почесто се расправаат, но исто така гледаат да избегнат несогласувања околу важни теми. Научниците сметаат дека ова е уште еден доказ во прилог на тезата дека паровите кои се караат остануваат заедно.
Во истражувањето учествувале 121 пар, на возраст меѓу 30 и 70 години, со брачен стаж меѓу 9 и 42 години.


Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои се расправаат со партнерот имаат десет пати повеќе шанси за добар, среќен брак од оние кои проблемите ги кријат под тепих.
Научниците советуваат дека караниците се добри, но треба да бирате околу што се карате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.