Министерството за одбрана најостро го осудува неовластеното преминување на Административната линија меѓу Централна Србија и Автономната покраина Косово и Метохија од страна на група тешко вооружени припадници на косовската полиција кај селото Чирковиќ, се вели во соопштението на Министерството.
„Полицијата на Курти ја мина границата. Тие се тешко вооружени. Станува збор за уште еден свесен и планиран обид за предизвикување инцидент и прекршување на договорот од страна на привремените приштински институции на чело со Аљбин Курти.
Министерството за одбрана бара од КФОР, како единствена легална и легитимна воена сила во областа на автономната покраина Косово и Метохија, да преземе мерки во согласност со својот мандат и да ги спречи привремените власти во Приштина да се обидат да предизвикаат ескалација на насилство во нашата јужна провинција.
Наредбата на Аљбин Курти припадниците на таканаречената косовска полиција да ја преминат административната линија претставува опасна провокација и закана за мирот. Единиците на вооружените сили на Србија во копнената безбедносна зона ја следат состојбата на терен и се подготвени да реагираат согласно одредбите од Воено-техничкиот договор, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.