Познатата српска новинарка, Драгана Трипиќ е пронајдена мртва во својот стан во белградската населба Миријево, а првите информации велат дека таа извршила самоубиство, јавуваат медиумите.
Според неофицијални информации телото на 58-годишната новинарка, која се обесила во својот стан, го пронашла нејзината ќерка. Телото висело од галеријата на станот, а било врзано за кревет кој се наоѓал тука.
Како што се дознава, нејзината ќерка на полицијата и рекла дека Драгана била депресивна заради работата и кредитот кој го имала.
Нејзината последна објава на Твитер се однесува на борбата на корисниците на кредити во швајцарските банки. Dragana Tripic@DraganaTripic Svaka čast @nebojsadugalichttps://biznis.telegraf.rs/novcanik/3106264-sansa-za-one-koji-su-izgubili-stan-tuzite-banku-mozete-da-dobijete-i-50000-evra-nazad … Šansa za one koji su izgubili stan: Tužite banku, možete da dobijete i desetine hiljada evra nazad Svi oni koji misle da su izgubili svaku nadu sa svojim stanom koji im je oduzet zbog kredita u švajcarcima, rodila se nova šansa, tačnije dve | Telegraf Biznis – Najnovije vesti biznis.telegraf.rs Twitter Ads info and privacy