Српската пејачка Катарина Грујиќ денеска излезе од болница каде помина неколку дена поради јаката инфекција која ја доби на бубрегот.
По нападите пејачката веднаш беше сместена во болница, а фановите и јавноста со брзина на светлината ја дозна нејзината сериозна здравствена состојба.
По пејачката во болницата денеска дојдоа нејзините татко и мајка кои ги изнесуваа поклоните на пејачката која ги доби додека беше во болница.
Грујиќ со голем шешир на главата сакаше да го сокрие лицето, а на рацете и се видоа раните и завоите од примањето на терапиите.
Српски Телеграф пишува и дека пејачката ослабела неколку килограми додека била во болница.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.