Српската пејачка Милица Тодоровиќ го тужи зетот бидејќи ја ограбил- кога ќе дознаете колку пари и украл целосно ќе ја поддржите

Како гром од ведро небо одекна веста во соседството дека пејачката Милица Тодоровиќ го тужи својот зет за сестра кој беше и нејзин долгогодишен менаџер.
Имено поради ново настанатата ситуација во која пејачката тврди дека тој ја ограбил и оштетил и поради лошите семејни односи, Милица решила наводно да не зборува и со својата постара сестра Јована иако биле многу врзани една за друга, пренесуваат српските медиуми.
Пејачката за медиумите се воздржа од било каков коментар, додека тој изјавил дека сето тоа во медиумите е лага.


-Ништо не коментирам околу семејните односи и не сакам да давам никаква изјава, вели Милица.
Додека пејачката се воздржа од коментар нејзиниот зет Војо остро демантираше за било какво крадење и судење.
-Не знам за што зборувате, тоа не е вистина. Се е во ред, вели Војо за српски Телеграф.рс.
Инаку медиумите пренесуваат за цифра од 60 илјади евра кој тој и ги прикрил на пејачката и си ги земал за себе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.