Наместо свадба како што многумина очекуваа, српската пејачка ги разочара сите раскинувајќи ја врската со својот долгогодишен партнер.
Имено Милица Тодоровиќ раскина со своето долгогодишно момче Милош Пауновиќ, а оваа вест одекна во сите српски медиуми иако многумина очекуваа крунисување на врската.
Парот инаку не е во врска веќе со месеци, а наводно пејачката го замолила тој додека таа е на турнеја да се спакува и да си замине од заедничкиот стан каде што живеле.
Парот беше во врска повеќе од пет години, а долг период и соработувале, а Милица во врската влезе откако претходно раскина со братот на Саша Ковачевиќ, Раде.