На паркингот на хотелот “Кинг” на околу 100 метри од граничниот премин Градина, полицајците извршиле контрола на два камиона со српски регистарски таблички. Во двојните прегради на приколките на камионите биле најдени 25 црни торби со марихуана.
Во торбите пронајдени во едниот камион со новосадски регистарски таблички биле спакувани 704 пакувања марихуана тешки 804 килограми, а во другиот, исто така, со новосадски регистарски таблички околу 600 килограми.
Од полицијата се уште не соопштуваат други детали за лицата што ја шверцувале марихуаната.