Српската полиција на граничен премин кон Бугарија спречила шверц на рекордни 1,4 тони марихуана

На паркингот на хотелот “Кинг” на околу 100 метри од граничниот премин Градина, полицајците извршиле контрола на два камиона со српски регистарски таблички. Во двојните прегради на приколките на камионите биле најдени 25 црни торби со марихуана.
Во торбите пронајдени во едниот камион со новосадски регистарски таблички биле спакувани 704 пакувања марихуана тешки 804 килограми, а во другиот, исто така, со новосадски регистарски таблички  околу 600 килограми.
Од полицијата се уште не соопштуваат други детали за лицата што ја шверцувале марихуаната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.