Српската претставничка е единствена која на Евровизија нема да пее на англиски

Српската претставничка Констракта е единствената што во евровизиското полуфинале во четврток, кога ќе настапува и Андреа Коевска, нема да има ни еден дел од песната испеан на англиски јазик.
Овој факт им беше доста интересен на евровизиските новинари во Торино, кои ја прашаа дали се плаши дека публиката нема да ја разбере на српски.
Според Констракта, песната е доволно впечатлива, така што не е битно што нема англиски делови во неа, а и „Бити здрава“ е доста лесна фраза за секој да ја научи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.