Српската раперка Ивана Расиќ попозната како Сајси МС (38) го привлече целото свое внимание на доделувањето на МАК наградите откако се појави во комбинација која на сите веќе добро им е позната.
Станува збор за фустанот кој Цеца го носеше во улога на свекрва на свадбата на нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ.
Српските медиуми пишуваат дури и дека фризурата и била иста, а нивната разлика била само во алките кои раперката ги носела на рацете.
Фановите дури започнаа и јавна дебата на која подобро и стои фустанот, што мислите?