Српска манекенка, пронајдена обесена во својот стан

Како што неофицијално јавуваат српските медиуми манекенката и водителка Марија Ќурчиќ денес во својот стан извршила самоубиство со бесење. Таа беше заштитно лице на многу клубови, а  снимаше и реклами и спотови.
На својот Инстаграм профил пред само два дена, Марија објавила фотографија со познатиот Роналдињо кој престојуваше во Белград.
Ќурчиќ студирала односи со јавност на Џон Незбит универзитетот, беше новинар-водител, но и PR. Модел станала со 16, а во ТВ водите влегла на 17-годишна возраст на локалниот MTV канал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.