Српска Нова пишува дека тоа не е доволно за отворено да се зборува за проблемот со кој живее Србија, а оние кои зборуваат, како професорката Анѓелка Петровиќ, се обидуваат да ги замолчат. Анѓелка Петровиќ е професорка по српски јазик и книжевност во Математичката гимназија во Белград. За неа велат дека е и омилената учителка во Србија, а на Инстаграм е позната како “just_srpski”.
Добитничка е на Фулбрајтовата стипендија на американската влада за образование, по што се обидела да воведе новини во своето училиште, а неодамна меѓу 35 учители од целиот свет е одбрана за учество на конференција во организација на Нобеловиот одбор. Таа сега на Инстаграм сподели свое осврнување на трагичните настани во последните година и пол.
„По трагедијата во основното училиште Владислав Рибникар сметав дека како некој кој има јавна социјална мрежа посветена на училиште имам морална обврска да реагирам. Се сеќавам дека тетка на рането дете ми пиша за со мене да ја сподели болката. Исто така ми беше важно дека некој, директно погоден, препознал дека сум способна да ја почувствувам страшната мака која исто така припаѓа на сферата со која професионално се бавам. Потоа тетката и јас се сретнавме, се ракувавме, токму пред Рибникар…
Се сеќавам дека тогаш некој, без слика и име, ми испрати порака да молчам бидејќи имам само кариера и својот, добро се сеќавам, јалов живот.
Претпоставувајќи дека вакви, јалови коментари ќе има уште, чувствувам морална обврска да реагирам, бидејќи трагедијата во Нови Сад, на индиректен, но јасен начин, припаѓа на сферата со која професионално се бавам.
Настрешници се уриваат таму каде што нема знаење. Знаењето се стекнува со образование. Во училиште. Настрешници се уриваат таму каде што нема образование. Воспитувањето се темели на чист образ и одговорност. А голем дел од тоа се стекнува – во училиште. Ни ги уништија школите. Така почна. Сега сè пропаѓа. Така ќе заврши“.