Српска пејачка доживеала напад на паника поради Кинези во авионот- кога ќе дознаете како се штитела од коронавирусот сѐ ќе ви стане јасно

Не е тајна дека српската пејачка Рада Манојловиќ речиси секој викенд го поминува во авион и на аеродром бидејќи има настапи на секаде ширум Европа и светот.
Српските медиуми овие денови на големо пишуваат дека таа веќе некој период живее во паника и страв поради коронавирусот кој буквално го коси светот.
Имено нејзиниот страв доаѓа од таму што таа неодамна на летот од Германија доживеала напад на паника во авионот во кој до неа седеле неколку кинески државјани.

 

View this post on Instagram

 

???

A post shared by Radmila Rada Manojlovic (@radamanojlovic) on


-Рада во неделата слетала од Германија во Белград, а од авионот излегла речиси избезумена. Таа со својот бенд седела помеѓу неколку кинески туристи по што започнала да паничи за време на целиот лет. Дури и сакала да го промени местото на седење, но не успеала, вели извор близок до пејачката.
Тој додава дека авионот бил полн, па пејачката морала да седи со кинезите.
-Во редот зад неа беа кинеските државјани, а пејачката за време на целиот лет го ставаше својот дуксер околу устата за да се заштити. Исто така од време на време таа правеше дезинфекција на рацете со специјално средство за чистење на рацете, раскажува избор за српски „Ало“.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.