Српскиот историчар Ковиќ за Македонија: Кога еднаш ќе отстапиш од националните интереси, нема крај

Српскиот историчар Милош Ковиќ предупредува Србија да извлече поука од бугарското условување на поддршката за членство во Европска Унија на Македонија, иако таа ги исполни сите налози, вклучувајќи ја и промената на државното име.
„Денес навистина може да се зборува за македонска парадигма. Земјата и народот ги исполнија практично сите услови, при што народот се држи блескаво, за што сведочи и последниот референдум во Македонија, но гледаме што прават т.н. елити што ја водат таа земја. Гледаме нација што совршено брзо, наспроти волјата на народот, ги исполнува сите налози. И што се случува, дали се наградени за тоа? Напротив“, констатира за „Спутник“ професорот на Филозофскиот факултет во Белград.
Според него, уцените од Софија се логична последица кога еднаш ќе се откажете од тоа што го сметате за клучна одредница на сопствениот национален идентитет.
„Кога еднаш ќе се откажете од виталните национални интереси, а нема ништо потемелно од тоа од името на земјата и од јазикот, тогаш нема крај. И се плашам дека токму овој вид исполнување на сите барања што ѝ се поставуваат на Северна Македонија води кон поништување прво на македонската држава, а потоа и на македонскиот национален идентитет“, смета Ковиќ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.