Српскиот колумнист Дејан Илиќ вчера бил повикан на разговор во полициска станица. Повикот бил повторен и денеска претппладне, но сега му било кажано дека мора да се појави во полициската станица во Нов Белград, бидејќи е осомничен за кривично дело „предизвикување паника“.
Како што изјави колумнистот на „Пешчаник“, тој претпоставува дека причината за тоа е неговото гостување во N1, од кое дел е изваден од контекст и објавен во дневниот весник Политика под наслов „Преодна влада или крвопролевање“.
„Како што ми кажа мајка ми, тие биле на мојата адреса околу 21 часот и 30 минути, но јас не бев таму. Потоа пријателски ме повикаа околу 22:30 да дојдам на разговор. Реков дека е доцна и дека нема да дојдам сам и дека не можам да му се јавам на адвокатот среде ноќ, и дека ќе им се јавам утрото. Полицаецот ми рече дека разговорот мора да се заврши вечерва, а кога го прашав што е толку итно, тој само одговори дека мора“, опиша Дејан Илиќ.