Ариен Стојановиќ Ивковиќ, државјанка на Хрватска, која дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград, се вработила, се омажила и основала семејство, српските власти решиле по 12 години живеење во главниот град на Србија, да ја протераат од земјата и да и забранат влез на една година, објави Н1.
Таа повеќе од една деценија живее во главниот град на Србија и никогаш немала проблеми со престојот.
Се до утрото на 8 април кога и се јавил инспектор од Управата за странци и ја повикал да дојде во полициските простории.
На лице место и е врачено решение со кое и е укинат претходно одобрениот привремен престој и забрана за влез во Србија на една година, односно до 8 април следната година.