Српските медиуми со најнови детали за состојбата на Дарко Лазиќ

Српскиот пејач Дарко Лазиќ кој вчера беше тешко повреденво сообраќајна несреќа и натаму е во тешка состојба.Како што јавуваат српските медиуми, докторите вчера попладне успеале да ги стабилизираат неговите витални функции и да ја санираат повредата на бутната коска.
Сепак, докторите не се впуштаат во никакви прогнози поради повредите кои Лазиќ ги има на белите дробови.
Дел од медиумите, пренесоа дека на Лазиќ претходно му е одземена возачката дозвола поради прекршок, а пејачот вчера го управувал својот автомобил без потребните документи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.