СРПСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ ТВРДИ ДЕКА СЕ КРИЈАТ СЛУЧАИ: НА 2 ЈУЛИ ПОЧИНАА 52 ЛИЦА, А ПРИЈАВЕНИ БЕА САМО 6 СМРТНИ

СРПСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ ТВРДИ ДЕКА СЕ КРИЈАТ СЛУЧАИ: НА 2 ЈУЛИ ПОЧИНАА 52 ЛИЦА, А ПРИЈАВЕНИ БЕА САМО 6 СМРТНИ

Бројката на новозаразени секој ден е многу поголема од официјално пријавените и има многу заташкување, дури и на смртни случаи, тврди српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ. Според него бројките не се реални. Официјалната статистика, тој ден се објавени 6 смртни случаи од коронавирус во Србија, но според епидемиологот, кој се повикува на колега од Клиниката за инфективни болести кој 8 часа се борел за животите на повеќе починати, вистинската бројка изнесувала 52.

„Ќе ме прашате како го знам тоа, а потоа треба да го откријам идентитетот на колегата од Клиниката за инфективни болести кој се бореше осум часа со повеќе починати и знае колку има во другите болници. Одеднаш, тој го гледа извештајот – само шест, и тогаш му зоврива“, вели Радовановиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.