Гашиќ тоа го истакна при посетата на Жандармеријата во Краљево, каде што се увери во борбената готовност и спремност на припадниците на оваа единица.
При посетата на базата, министерот во разговор со припадниците на овој одред ја истакнал нивната посветеност и решителност на заштитата на Србија и на сите нејзини граѓани, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Претходно, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги пофали полицијата и српската војска, велејќи дека ја видел најголемата подготвеност, од постоењето на ЈНА, да се бори за татковината. Тој рече и дека давал одредени наредби до Советот за национална безбедност без да прецизира за што се работи, но во својот говор потоа ја спомена можноста за зголемена борбена готовност.
Инаку, ситуацијата на релација Белград – Приштина прилично се вжешти во претходните денови поради нестабилната состојба на северот на Косово, каде Србите во знак на протест поставија и барикади.