Сојузот на стопански комори заедно со Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони од 22 до 25 април ќе биде дел од 8. Светски коморски конгрес во Доха, Катар.
Дел од компаниите членки на Сојуз на стопански комори предводени од претседателот Златко Калеников, ќе се претстават на единственото глобално место за средба на коморите, организирано од страна на ICC WCF и Qatar Chamber of Commerce and Industry.
Заложбите на Сојуз на стопански комори за успешна промоција на Светскиот коморски конгрес во Доха, Катар, како и на Македонија резултираа со рубин спонзорство. На тој начин македонската делегација со свој штанд се најде заедно во групата на рубин спонзорства со Стопанските комори на Дубаи, Сиднеј, Торино, Американ Програм Биро, како и многу други светски признати компании и институции. Така, вратите за компаниите членки на ССК кои ќе учествуваат на Светскиот коморски конгрес се отвораат, а можноста за промоција на бизнисот на глобално ниво се зголемува.
Спонзорството на ССК заедно со Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е знак на посветеноста за промоција на Македонија како атрактивна бизнис дестинација.
Компаниите членки на ССК кои ќе бидат присутни на овој глобален настан ќе имаа можност за бизнис поврзување и остварување на потенцијални бизнис партнерства како и запознавање со претседатели и извршни директори од најголемите претпријатија од Катар и целиот свет.
На саемот ќе учествуваат 1.500 делегати, од 105 земји од светот. Претседатели од стопанските комори од Германија, Обединети Арапски Емирати, Финска, Кенија, Сауди Арабија, Турција, Швајцарија, Италија, Гана, итн.
Светскиот Коморски Конгрес се oдржува секои две години во различни региони од светот. Годинава, за прв пат во земја од Блискиот Исток.
Сојузот на стопански комори заедно со Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски развој