Стабилна е состојбата на пациентите што се лекуваат во болниците во Софија, Варна и Пловдив, вели бугарскиот министер за здравство

Во бугарските болници се лекуваат 15 пациенти. Само двајца од нив се постари од 30 години. Петмнина, пак, се помлади од 18 години.

Одговарајќи на прашањето дали може да се размислува за тоа дел од пациентите да се испуштаат од болниците на домашно лекување, Кирилов рече дека е рано да се зборува на таа тема, оти голем дел од пациентите имаат отворени рани што се лекуваат, а за што веројатно ќе бидат потребни пластични операции.

Состојбата наповредените во пожарот во Кочани што се хоспитализирани во болниците во Софија, Варна и Пловдив е стабилна, изјави вчеравечер за бугарската телевизија БТВ, бугарскиот министер за здрваство, Силви Кирилов, посочувајќи дека најтешка околност при нивното лекување е вдишувањето на гасови за време на пожарот.

„Кај нас се лекуваат 15 пациенти. Само двајца од нив се постари од 30 години. Петмнина, пак, се помлади од 18 години. Се третираат според сите лекарски правила“,

рече тој.
Најголем проблем за повредените, посочи дека е вдишувањето на гасови за време на пожарот.

„Од хоспитализираните, најголем дел се на спонтано дишење, двајца се екстубирани, кои не се веќе на механичка вентилација. Но, оние кои се се уште на механичка вентилација се во тешка, но стабилна состојба“, вели бугарскиот министер.

Одговарајќи на прашањето дали може да се размислува за тоа дел од пациентите да се испуштаат од болниците на домашно лекување, Кирилов рече дека е рано да се зборува на таа тема, оти голем дел од пациентите имаат отворени рани што се лекуваат, а за што веројатно ќе бидат потребни пластични операции.

„Второ, имаат и оштетувања на белите дробови. Затоа, рано е да се даваат прогнози. Имаме уште многу долг пат“, кажа Кирилов.

Седумнаесет од вкупно 30 повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Србија се хоспитализирани на Ургентниот центар во Клиничкиот центар во Белград.

Двајца од пациентите се на механичка вентилација, а на двајца им е извршена операција, изјави вчера за РТС директорот на Клиниката за пластична хирургија и реконструкција, Милан Стојичиќ. Додаде дека пациентите на кои им е извршен опративен зафат се во добра општа состојба и дека постоперативниот тек се одвива непречено.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера информираше дека пациентите од трагедијата во Кочани што се лекуваат во македонските болници се во стабилна и добра состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи: