Стабилна е состојбата на сите 15 повредени од Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, е стабилна, изјави синоќа бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ.Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.– Имаме двајца екстубирани пациенти, можеме да кажеме дека се во добра општа состојба, а оние кои се на механичка вентилација се во тешка, но стабилна состојба, рече Кирилов.Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се помлади, од кои пет се под 18 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: