Стабилна цена на струјата во следната година

Одговарајќи на пратенички прашања вчера во Собранието премиерот Заев рече дека гарантираат стабилна цена на струјата во следната година и додаде дека со либерализацијата на пазарот на електирична енергија нема да се зголеми цената на струјата, како што тврдеше минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Нема да се зголеми цената на домаќинствата, а 20 до 30 проценти од деловните објекти од помал обем како што се пекари, производители на сладолед, занаетчиски работилници ќе имаат намалување на цената на струјата од 140 евра на мегават часови на 80 евра на мегават часови, рече Заев додавајќи  дека минатата власт ја одложувала либерализацијата со образложение дека со тоа ќе се зголеми цената на струјата но оти вистинската причина за зголемување било недомаќинското работење на енергетските компании.
– Во 2014 година кога Владата донесе одлука дека се одлага либерализацијата се случува тренд на пораст на цената на струјата за вкупно 60 проценти од 2006 до 2013 година. Тоа е затоа што немало рационално работење на енергетските компании. Во 2014 година ЕЛЕМ работи со загуба од 14,5 милиони евра годишно, а денеска ЕЛЕМ има акумулирана добивка од 46, 3 милиони евра. Тоа се податоци со кои се гордееме и со кои покажуваме дека транспарентност и домаќинско работење носат заштеда на јавни пари, дополни Заев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: