Стабилно и суво викендов, но со пониски температури

Денес како и во недела поради продор на малку посвежа воздушна маса од север, во Македонија ќе има опаѓање на температурите за околу 5 степени за разлика од оние кои ги имаме сега. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

Во сабота, особено долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопскиот регион, исто така како и во недела ќе имаме стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во овие два дена ќе се искачува до околу 24 степени.

Утринските температури исто така ќе бидат пониски, особено во недела кога ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: