Во 2009 година некогашниот Градски стадион беше преименуван во Национална арена “Филип Втори“, а во 2016 и 2017 година го носеше името “Телеком Арена“. Владата на денешната седница одлучила стадионот “Филип Втори“ во Скопје повторно да се преименува, сега во Национална Арена “Тоше Проески“.
– Утрово на редовната 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална арена “Тоше Проески“, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја, соопшти Владата.