среда, 25 ноември 2026
Најново

Стадионот “Филип Втори“ ќе се преименува во Национална арена “Тоше Проески“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во 2009 година некогашниот Градски стадион беше преименуван во Национална арена “Филип Втори“, а во 2016 и 2017 година го носеше името “Телеком Арена“. Владата на денешната седница одлучила стадионот “Филип Втори“ во Скопје повторно да се преименува, сега во Национална Арена “Тоше Проески“.
– Утрово на редовната 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална арена “Тоше Проески“, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја, соопшти Владата.

Поврзани вести