СТАНА МИЛИОНЕР И ПОТОА СЕ СЛУЧИ НЕШТО НЕОЧЕКУВАНО! Имаше рок од 3 години да ги земе ПАРИТЕ, но никогаш не дојде да ги собере!

Сума од еден милион евра е освоена пред три години на лотарија во германската покраина Саксонија-Анхалт, но таа никогаш не била побарана. Добитникот на сумата сега, точно на 31 декември во 23:59 часот, ја загубил можноста да ги подигне парите.

СТАНА МИЛИОНЕР И ПОТОА СЕ СЛУЧИ НЕШТО НЕОЧЕКУВАНО! Имаше рок од 3 години да ги земе ПАРИТЕ, но никогаш не дојде да ги собере!

„Победникот имаше три години да ги побара парите, но за жал не го стори тоа“, објави Лото-Тото Саксен-Анхалт во понеделникот, според магазинот Феникс.

„Се надевавме дека некој друг ќе се јави. За жал, немаше среќен крај“, изјави извршниот директор на Лото, Стефан Еберт. Сумата сега се враќа во „кутијата“ со специјални извлекувања низ целата земја. Наградата од 1 милион евра, за која победникот очигледно не знаел, беше извлечена на Лото 6aus49 во декември 2019 година, во специјалното божиќно извлекување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.