Станија се отвори,немала секс две ипол години !

Го чекав моето момче да се врати од Хаваи. Тоа беше најубавиот дел од мојот живот, а живеев како калуѓерка. Еве, гледате каков карактер сум јас.
Отворена.
Станија Добројевиќ е сигурно една од најпопуларните на овогодинешното реално шоу Фарма. Згодната старлета ветува спектакл и вели дека ќе се потруди никого да не претепа, верува дека ќе се случи секс на фармата, но тоа нема да биде таа. За Курир откри дека многу долго може да апстинира, а дека најдолгиот период  без секс и бил две и пол години.
– Најмногу ме плашат односите меѓу луѓето и хигиената. Не сум нафурана риба која се фолира. Не! Сè што треба ќе сработам, па дури и ќе чистам штали и трла, ќе го хранам добитокот и живината. Никогаш во мојот живот не сум живеела на село и не знам како се одгледуваат домашни животни, пораснав во стан, па немав дури ни двор, но се надевам дека ќе се снајдам.
♦ Дали имате некои тактики?
– Малку сум срамежлива од камерите кои ќе бидат вклучени 24 часа, бидејќи додека бев во “Сурвајвер” тоа не беше така. Таму ќе видите точно кога доаѓа камерата па дури можете и да глумите,  бидејќи знаете дека се снима. Можно е да се снимат некои моменти и постапки за кои ни сама не сум свесна.
♦ Постои ли можност да ви се случи романса во “Фарма”?
– Во овој момент можам да кажам не, но јас сум свесна дека во реално шоу се живее нов, поинаков живот. Под овие околности, се е можно. Затоа не можам ништо да гарантирам.
♦ Колку најдолго сте издржале без секс?
– Искрено! Цели две и пол години, кога го чекав моето момче да си дојде.
♦ Од каде?
– Од Хаваи. Гледаш колку цврст карактер сум. А сепак тоа беа моите најубави години. Имав 23-24 години. А живеев како калуѓерка! Е затоа ми е жал што тогаш неосновано ме спојуваа со фудбалери.
♦ Какво момче би можело да ве освои?
– Не се „палам“ на манекени и фудбалери, туку на вистински мажи во вистинска смисла на зборот. Значи, треба да вметнат некој дрвосечач. (Се смее)
♦ Дали мислите дека ќе има секс во “Фарма”?
– Можно е. Всушност, сигурна сум. Но, не го очекувајте тоа од мене!
♦ Сепак да ве очекуваме топлес или во поразголена варијанта ?
– Пустиот остров сам по себе дава удобност и таму нудизмот беше во ред. Фармата не ја гледам така. Можеби евентуално некои секси шорцеви, кога ќе се стопли.
♦ Сигурен сум дека многумина од вас сега се разочарани бидејќи веќе те замислувале како го храниш доботокот во долна облека.
– Само ако добијам задача од задругата. (Се смее)
♦ Што најмногу ќе ви недостасува?
– Интернет.Го чекав моето момче да се врати од Хаваи. Тоа беше најубавиот дел од мојот живот, а живеев како калуѓерка. Еве, гледа

Пронајдете не на следниве мрежи: