Станиќ го повредил реброто

Дарко Станиќ, голманот на Металург, поради повреда не бранеше во поголемиот дел од првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони против Киелце, кој македонскиот првак во неделата го загуби во Скопје со 25:27.

Станиќ се повреди во 10-та минута кога го одбрани ударот на Росински.„Многу чудна повреда, бранејќи го ударот направив движење, последното ребро ме удри во колкот, како да излезе од своето место. Не можев да се движам, започнаа грчеви…Навистина чудна повреда“, изјавил Станиќ за „Спортски Журнал“.„Сега е малку подобро, снимката не покажува скршеница, но лекарите велат дека повредата е на место кое тешко се гледа. Искрено, се надевам дека во прашање е само мускулот, ќе видиме како ќе биде во следните два-три дена. Во неделата имав голем оток на тоа место, но веќе другиот ден отокот беше повлечен“, дополнил чуварот на мрежата и миленик на скопската публика. Металург, реванш натпреварот во Лигата на шампиони против Киелце ќе го одигра в недела, победникот од двомечот ќе учествува на завршниот турнир во Келн.
Макфакс
Дарко Станиќ, голманот на Металург, поради повреда не бранеше во поголемиот дел од првиот четв

Пронајдете не на следниве мрежи: