Белата куќа објави дека мистериозните беспилотни летала, што предизвикаа паника во делови од САД, летале легално, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп посочи дека имало прикривање на тие појави од владата. Трамп рече дека американската влада „знае што се случува“.
Администрацијата на претседателот во заминување, Џо Бајден, се соочи со зголемени критики за нејасно идентификување на потеклото на леталата, но синоќа отфрли каков било предлог за прикривање.
Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, инсистираше на тоа дека владата е „отворена и транспарентна“ и рече дека повеќето забележани беспилотни летала се „легални и законски“, објави Дејли бист.
– Оценуваме дека досегашните видувања вклучуваат комбинација од законски комерцијални дронови, хоби дронови и дронови за спроведување на законот, како и авиони со фиксни крила со екипаж, хеликоптери, па дури и ѕвезди кои погрешно биле пријавени како беспилотни летала – изјави Кирби на прес конференција.
Тој додаде дека службите не идентификувале ризик за националната безбедност или за јавната безбедност.
– Анализата ја направија службениците за спроведување на законот внимателно ги испитаа податоците, внимателно ги разгледаа советите и ги собраа сведоштвата од загрижените граѓани најдобро што можат – рече Кирби.
Највисоките американски функционери претходно отфрлија каква било сугестија за странска вмешаност – вклучително и тврдења дека беспилотните летала се со иранско или со кинеско потекло, „лансирани од брод на