Стапката на невработеност во Хрватска највисока за десет години

Стапката на невработеност во Хрватска во јануари се искачи на 21,9 отсто, што е највисоко ниво во изминатите 10 години, јави во четвртокот Хина, пренесувајќи ги информациите на тамошниот завод за статистика.Оваа бројка се совпаѓа со очекувањата на економистите кои претходно ги анкетираше Хина, кој предвидуваа дека невработеноста во јануари ќе се движи од 21,8 до 22 отсто.Во декември стапката на невработеност во Хрватска изнесуваше 21,1 отсто, а нејзиниот натамошен раст беше очекуван откако неодамна Хрватскиот завод за вработување извести дека кон крајот на јануари се регистрирани околу 372.000 невработени лица, што е за 3,8 отсто, или 13.800 лица повеќе во однос на претходниот месец.Скокот на стапката на невработеност на највисоко ниво од јули од 2002 година, кога изнесуваше 22 отсто, последица е на долгогодишната рецесија, стечаите или преструктуирањето во многу фирми, но и на структурни промени, односно на неусогласеност на понудата и побарувачката на пазарот на труд, наведува агенцијата Хина.
МакфаксСтапката на невработеност во Хрватска во јануари се искачи на 21,9 отсто, што е највисоко ниво во изминатите 10

Пронајдете не на следниве мрежи: