Старецот помислил дека Макрон е соборен: Пукал со пушка во градот и извикувал „Револуција“

82-годишен маж предизвика инцидент во Франција кога, недалеку од градот Ножан-ле-Ротру, мислејќи дека францускиот претседател Емануел Макрон е соборен од власт, зел пушка и муниција и го напуштил својот дом извикувајќи „Револуција“ и „Макрон е соборен“, соопшти денес Јавното обвинителство во Шартр.

Инцидентот се случил во сабота, 20 јуни, околу 18:50 часот, а го пријавила сопругата на мажот, пренесува Фигаро. Кога пристигнала полицијата, ќерката на мажот ги информирала дека нејзиниот татко е во градината и чека во заседа со оружје во рака

Полициските службеници го започнале разговорот претпазливо приближувајќи се кон постариот човек, но во еден момент тој испукал три куршуми во нивен правец и погодил двајца жандарми во нозете, соопшти обвинителството.

„Осомничениот брзо се повлекол во подрумот на својата куќа, веројатно ранет во раката од возвратниот оган на полицајците. Двајца полицајци, кои првично биле згрижени во болницата Ножан-ле-Ротру, подоцна биле префрлени во болница и нивните животи не се во опасност.“

„Истрагата за обид за двојно убиство со умисла е во тек“, објави обвинителството.
The post Старецот помислил дека Макрон е соборен: Пукал со пушка во градот и извикувал „Револуција“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: