Маж врза две кученца во вреќа и сакаше да ги фрли, момчињата се појавија во вистинскиот момент.
Оваа глетка никого не остави рамнодушен. Еден постар маж се обиде да се реши од две невини кученца, но за среќа, беше забележан од момчиња кои го снимија.
Настанот се случи во Босна и Херцеговина, а видеото беше објавено на Фејсбук страницата „ Spas – Udomljavanje životinja/Adopting animals Prijedor “. Во видеото се гледа како еден постар маж се обидува да ги фрли кученцата, но тројцата момчиња што го снимија видеото успеаја да ги спасат. „Глетка што предизвика бес и буица пцовки. Во овој случај, мораме да кажеме дека пцовките се оправдани! Ете за крај на оваа бурна недела, по сите проблеми што ни се случија, конечно престана дождот, сонцето светна и тогаш сите оние одвратни зликовци ќе излезат од своите јазбини да направат некое злодело далеку од очите на јавноста“, стои во описот на видеото.