Веќе започна сезоната на цреши, а тие можат да бидат одлични и во колачи.
Ова е едноставен, старински колач, каков што печеа нашите баби, па освен вкусот, може да го почувствувате и мирисот на детство.
Состојки:
– 3 јајца
– 2 шолји шеќер
– 1 шолја масло
– 1 шолја јогурт
– 2 шолји брашно
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 1 кесичка прашак за пециво
– 350 гр. цреши
– шеќер во прав
Подготовка:
Изматете ги пенасто јајцата со шеќерот, па потоа додадете го маслото и јогуртот, матете уште малку, а потоа додадете го брашното измешано со прашакот за пециво.
Печете на 180 степени околу 40-на минути или проверете со вилушка. Изладете го колачот и богато посипете шеќер во прав.